BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Правила на Форумите

Правила на Форумите (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
11
143464.1
Date: 05/09/2010 14:13:19
Overall Posts Rated:
203203
Правила за однесување на форумите

Buzzerbeater е игра за сите возрасти. Менаџерите треба да се почитуваат меѓу себе.

Во форумите на Buzzerbeater не е дозволено да се постира:
- Реклама за продажба на играчи;
- Барање пријателски натпревари;
- Рекламирање на Приватна Лига надвор од специјализираната тема за тоа: Private League Ad Thread (86196.1);
- Спамирање (т.е повеќекратно постирање на иста порака);
- Напади на лична, расна, политичка, религиозна или било каква основа;
- Политички и религиозни дискусии;
- Прекумерна употреба на „прост“ јазик“ и пцуење;
- Обвинувања за мамење. Ве молиме, користете ја алатката Извести за Измама: http://www.buzzerbeater.com/community/cheatreport.aspx;
- Рекламирање на работи или услуги кои се однесуваат на вашиот личен живот: продавање/купување/размени;
- Барање помош за нелегален софтвер (пиратерија) или клучови/сериски броеви на ЦД-а за игри/софтвер;
- Промовирање на користење на нелегални средства или супстанции (дрога) или други криминални дејства;
- „Bumping“ т.е непотребно одговарање на тема којашто вие сте ја поставиле со цел да го подигнете нејзиниот статус/себе си/содржината на темата;
- Дискусии околу одлуките на BB или GM. Ве молиме користете ja appeals@buzzerbeater.com за жалби;
- Молење/Просење за Supporter не е дозволено;
- Линкови до порнографски содржини или содржини кои не се соодветни за малолетни лица;
- Прекумерна употреба на ГОЛЕМИ букви се смета за викање (дерење) и тоа не се толерира;
- Некорисни или иритирачки постови. Ова ги вклучува одговори со една буква, група на букви без значење, trolling(*) и спамирање.

(*)trolling http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_troll

Правилата за Однесување можете да ги најдете овде: http://www.buzzerbeater.com/community/rules.aspx?nav=Rule....
Ве молиме! прочитајте ги правилата пред да ги поставувате вашите прашања!

Last edited by Onisifor at 05/09/2010 19:47:20

This Post:
33
143464.2 in reply to 143464.1
Date: 05/09/2010 14:17:38
Overall Posts Rated:
203203
Справување со агресивни корисници

Ако некој се однесува агресивно спрема вас на форумите или, според ваше мислење, не се однесува според правилата, тогаш немојте да претерувате. Ако навистина тие ги преминале границите, тогаш многу поверојатно е дека тој/таа ќе сносат последици. Ако изгубите контрола и се впуштите во лични пресметки, тогаш сте им направиле услуга на иницијаторите на ваквите дејства, а и шансите дека понатамошната дискусија ќе биде коректна ќе бидат сериозно намалени. Темите понекогаш ќе се претворат во арени на „размена на отровни стрели“ - нешто што никој не го посакува и не е во ничиј интерес.

Нова тема

Пред да отворите нова тема, поставете си ги овие прашања:

1) Дали сум во вистинскиот форум? Дали мојата тема и припаѓа на форумот BB Makedonija или на Non-BB Makedonija, или, можеби, на форумот на твојата лига?

2) Дали веќе има отворено иста таква тема (за истите прашања)?

Секогаш е подобро да објавите пост во постоечка тема отколку да отварате нова за истото прашање. Тоа ќе покаже дека сте се потрудиле да побарате одговор за себе. Исто така прочитајте ги мислењата на другите корисници. Темите-дупликати ќе бидат затворени многу брзо.

Ако сте сигурни дека сте на вистинското место, тогаш можете да отворите тема.

Наслови на темите

Користете јасни и разбирливи наслови за вашите теми!

Насловите на темите се многу корисен начин за да го привлечете вниманието на останатите менаџери. Обидете се вашиот наслов да биде со описна природа. Да објасните преку насловот што конкретно содржи таа тема. Умешните корисници знаат како да напишат наслов со што помал број карактери - кажуваат многу со малку зборови. Насловите од типот „Помош!“ (или во полош случај „ПОМОШ!!!!“) се крајно бесполезни. Не го користете овој дел за да ја кажете големината на вашата болка; искористете го за нешто покорисно.

Ако имате повеќе од едно прашање, коментар или сугестија, тогаш напишете ги сите нив во еден пост. Нема ништо поиритирачко отколку кликање на две или серија теми на форумот поставени од само еден корисник. Тоа покажува дека не сте размислиле добро што сакате да кажете пред да почнете да пишувате.

Направете така што ќе биде лесно да се одговори на вашиот пост

Многу е важно вашето прашање или мислење да биде напишано на јасен и концизен начин. Ако тоа е премногу што го бараме од вас, тогаш верувајте дека исто така ќе биде премногу и за некој којшто ќе се обиде да разбере што сакате да кажете. Посветете малку време за да пре-прочитате што сте напишале. Не мора да користите преформален или официјален јазик, но прашањата и коментарите треба да бидат напишани со доза на прецизност. Тоа ќе биде индикатор дека вие сте заинтересирани и дека обрнувате внимание.

Генерално, ако вашиот пост е нејасен тогаш тешко дека ќе добиете соодветен одговор.

Last edited by Onisifor at 10/13/2010 01:45:43