BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Упатство за Драфт

Упатство за Драфт

Set priority
Show messages by
This Post:
22
198285.1
Date: 10/11/2011 18:39:20
Overall Posts Rated:
203203
Ова упатство е корисно за тимовите кои ќе ја имаат предноста да бираат рано во драфтот. Тоа се најслабо пласираните тимови од претходната сезона (Исклучок. Во лиги каде што тимовите инвестираат незначителни средства за скаутирање, а сте обезбедиле добра маса поени за скаутирање, вие исто така сте во солидна позиција).

Највредните новајлии се 18 годишни, со најдобри можни вештини и најдобар потенцијал.
Како се стигнува до нив?

Драфтот стевете го во функција на тренинг-потребите на вашиот тим. Ако планирате да тренирате центри, тогаш вас ќе ве интересираат играчи со висина 203 и повеќе. Ако планирате да тренирате бекови, интересни се играчите со висина 196 и помалку.

Со овие предзнаења пристапуваме кон трошење на поените за скаутирање.
Да речеме дека планирате да тренирате бекови следната сезона.

1. Комбинирано скаутирање - ќе ве чини 10 поени.
2. Сите 19 годишни играчи ставете ги најдолу на листата. Потврдете рангирање.
3. Од останатите 18 годишни, сите со висина 198 и повеќе ставете ги најдолу на листата. Потврдете рангирање.
4. Скаутирај еднаш на сите 18 годишни со висина 196 и помалку (тие што останале горе на листата). Секое скаутирање ќе ве чини 1 поен.
5. Играчите кои имаат 1, 2 и 3 портокалови топки после првото скаутирање ставајте ги најдолу на листата. Потврди рангирање.
6. Продолжете со Интервју на играчите што имаат 4 и 5 портокалови топки по првото скаутирање. Прво интервјуирајте ги оние со 5 портокалови топки. Секое интервју ќе ве чини 2 поени. Играчите со 1 или 2 портокалови топки за потенцијал ставајте ги најдолу на листата. Потврди рангирање.

7. Финално рангирање. Следете го ова упатство:

о А+ > A > A- > B+ > B > B-
о 5* рејтинг и 5* потенцијал е најдобар
о 4* рејтинг и 5* потенцијал > 5* рејтинг и 4* потенцијал
о помеѓу двајца комплетно исти играчи, подобар е тој што:
- одиграл повеќе минути (показател за Издржливост)
- има подобра реализација од слободни (показател за Слободни фрлања)
- има помалку лични грешки/минути (показател за тоа кој е поагресивен)

Потврди рангирање.

Целта е првиот пик на драфтот да ви биде колку што е можно поблиску до профилот 18 години, А+, 5* рејтинг, 5* потенцијал. За дилемите кој да биде прв, а кој втор пик нека ви послужи точката 7 од упатството.

НАПОМЕНА: Треба да знаете да предвидите колку поени ќе ви бидат потребни за скаутирањето. При гореопишаното упатство, математиката е следна:

1) Комбинирано скаутирање = 10 поени. Да речеме дека тоа ќе ви открие 9 (девет) играчи на 18 години со висина до 196 цм. Така што:

2) Скаутирај еднаш на сите 9 играчи = 9 * 1 поен = 9 поени. Досега сте потрошиле 19 поени. Да речеме дека од овие 9 играчи, по извршениот скаутирај еднаш сте добиле 3 играчи 5* и 3 играчи со 4* рејтинг.

3) За да извршите интервју на сите 6 играчи ќе ви бидат потребни = 6 * 2 = 12 поени, односно за целиот овој процес ќе треба да потрошите вкупно 31 поен. Ако ги имате обезбедено, или процените дека можете да ги обезбедите овие 12 дополнителни поени препораката е да ги интервјуирате сите 6 играчи. Ако немате доволно поени за сите, поените трошете ги така што најпрво ќе ги интервјуирате тие со 5*.

Last edited by Onisifor at 07/10/2014 08:57:28

This Post:
00
198285.2 in reply to 198285.1
Date: 02/05/2012 05:42:44
Overall Posts Rated:
11
Deneska ke se draftuvaat igracite ?

This Post:
00
198285.3 in reply to 198285.2
Date: 02/05/2012 06:08:41
Overall Posts Rated:
5555
Deneska ke se draftuvaat igracite ?

Не, денес ти е последен ден да го пратиш редоследот на твои желби за следниот драфт кој ќе почне во понеделник навечер а би требало да заврши вторник навечер најкасно.