All Press Releases

Lynx Incubus Franchise Created!

6/21/2025  0 replies    

Press Announcements

Повторно преживување и во Сезона 73?

Рисовите Инкубуси ја преживеаја Сезона 72 во елитното друштво. Својот крзнен задник го спасуваа во тешка борба за опстанок која отиде до решавачки трет дуел со Kk Astibo 2022. Станува јасно дека освен на територијата на Македонија, Рисовите се загрозен вид и во светот на виртуелната кошарка. И во следната Сезона 73 ќе се обидеме да не бидеме истребени, но за да се постигне тоа ќе биде потребно престројување на редовите.

Три важни играчи од минатата сезона ќе ги напуштат Инкубусите. Не успеавме на Marchand, Saito и Dimov да им најдеме нов ангажман во текот на минатата недела, но ќе се обидеме повторно да го сториме тоа овие денови. Можно е во меѓувреме да се изведе еден непопуларен потег за Marchand, со оглед на доцното негово поставување на ТЛ минатата недела. Им благодариме на тројцата и им посакуваме успех во иднина.

Освежувањето на ростерот веќе започна! Доведено е првото сезонско засилување вредно нешто повеќе од $300k, чилеанскиот искусен кошаркар Adán Guerra, кој три сезони беше член на бугарскиот прволигаш B.C Pleven. Наводно му се допаѓала балканската кујна и решил да остане на овие простори уште некое време. Договорот е потпишан на една сезона и тој ќе заработува околу $100k/неделно.

Покрај Guerra, ќе се обидеме да доведеме уште три нови играчи, за што веќе е направен првиот скаутинг и лоцирани се потенцијални таргети.
Ростерот за следната сезона (стартери и ротација) ќе биде во служба на развојот на Lepchevski, Loteski и Schaut. Се избираат играчи кои ќе бидат тактички компатибилни на краток рок на сегашните и идни скилови на домашното трио.

Посакуван пласман следната сезона е 4-та позиција, но нема да очајуваме и да го повториме резултатот од следната сезона како 5-ти во сината конференција.

Last edited by LynxBK at 8/3/2026 6:21:35 PM

Last edited by LynxBK at 8/3/2026 6:22:22 PM



View message in thread.
Advertisement