BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Соопштенија

Соопштенија (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
22
193999.1
Date: 08/12/2011 08:04:56
Overall Posts Rated:
203203
Во изминатиот период беа откриени за мамење и банирани неколку корисници од Македонија кои подолго време играат BuzzerBeater. Правилата важат подеднакво за сите и во одлучувањето нема разлика дали некој тим е новајлија или играл повеќе од 3 години (не сезони).

Верувајте (посебно ако ви се допаѓа играта) мамењето не се исплаќа! Кога тогаш тимовите биваат откриени и казнувани. Некој можеби се провлекува и е претпазлив во мамењето, па ќе направи силен тим како резултат на тоа и тогаш со една случајна пријава се' ќе се распадне како кула од карти. Уште полошо ако некој од „патриотски“ причини мами и заради него потоа страдаат нашите репрезентации.

Нема филозофија. Правилата се јасни: http://www.buzzerbeater.com/community/rules.aspx?nav=Rule....
Секој што ги прекршува (било да е обичен корисник, селектор, LA, GM) ќе биде казнет без простување!

Придржувајте се кон правилата и играјте фер!

This Post:
00
193999.2 in reply to 193999.1
Date: 02/08/2012 16:25:45
Overall Posts Rated:
203203
Убава вест!

Во „преисториското доба“ на BuzzerBeater постоеа т.н Форум Денови (или Happy Hours) кога девелоперите на играта (ББ-лицата) директно одговараа на прашања на корисниците и откриваа дел од скриените тајни за функционирањето на енџинот на играта и слично. Многу работи за самото функционирање на играта беа откриени на ваквите форумски денови.

Во наредните две недели ББ-лицата стојат на располагање на корисниците и ќе одговорат на 15-25 прашања кои ќе бидат избрани како топ-прашања. Сакате да дознаете нешто за играта, за енџинот, за идниот план за развој, за самиот веб-сајт и неговиот изглед? Поставете го вашето прашање на ново-отворената тема Ask the BBs (208622.1) на форумот Global (English) доколку одлично се служите со англискиот јазик или на темата Прашајте ги ББ-лицата (209543.1) каде што прашањето може да го поставите на македонски јазик и наши доброволци (повик до секој кој е вешт во употребата на пишаниот англиски јазик) ќе го преведат прашањето и потоа постават на официјалната тема на Global (English). Од купот прашања на корисниците од целиот свет ќе бидат избрани најдобрите 15-25 и истите ќе бидат одговорени од страна на ББ-лицата. Одговор директно од прва рака!

- Поставувајте реални прашања. Прашања од типот „Колку заработува еден ББ“ е неприфатливо и тоа попрво ќе заврши во корпата за отпадоци отколку да добие одговор.

- Прашањата треба да бидат концизни и јасни. Немојте да поставувате прашања кои е тешко да се прочитаат, а камо ли да се одговорат.

- Постови кои повеќе личат на коментар или мислење, неконструктивна критика или слично нема да бидат третирани како прашање и не очекувајте одговор на таквите. Јавно им се извинуваме на троловите.

- Раширете ја оваа вест помеѓу вашите пријатели!

Last edited by Onisifor at 02/08/2012 16:27:11

From: dimac
This Post:
00
193999.3 in reply to 193999.2
Date: 02/10/2012 10:30:05
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Како што е објавено во правилата за изборите на "Election Rules" (208963.1), секој којшто ќе ги прекрши правилата на изборите ќе биде отстранет од нив и ќе добие парична казна, а за поголеми прекршоци и можност да биде баниран. Правилата за изборите се:

- секој може да се кандидира за селектор во било која земја
- само во една земја можеш да бидеш кандидат истовремено
- секој кандидат има право да напише свој говор во темата "National Team Speeches". Еден кандидат може да напише само еден говор во таа тема.
- дебата за кандидатите и нивните говори се води на темата "National Team Debate Thread". Овде секој може да остави свој пост како и во регуларните форуми
- дискусии за изборите надвор од предвидените теми (темите за Говор и Дебата) се забранети
- кандидатите кои агитираат за гласови преку BB-пораки или во други форуми освен предвидените теми ќе бидат дисквалификувани

From: dimac
This Post:
00
193999.4 in reply to 193999.3
Date: 03/11/2012 20:00:49
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
На почетната страна на BuzzerBeater е објавена нова вест, а се однесува за промената на времето во USA. Почнувајќи од оваа недела, натпреварите почнуваат 1 час порано (во 16:30). Ова ќе трае во наредните 2 недели (кога ќе почне летното пресметување на времето во Македонија). Ве молиме земете го ова во предвид при поставување на тактиката на Вашиот тим.

This Post:
00
193999.5 in reply to 193999.4
Date: 06/08/2012 07:16:23
Overall Posts Rated:
203203
Тренингот за оваа недела ќе се рестартира и повторно ќе се пресмета. Ве молиме да не ги менувате вашите избрани наредби за тренинг се додека не се комплетира истиот.

From: GM-Kyve
This Post:
00
193999.6 in reply to 193999.5
Date: 11/23/2018 13:06:08
Champions United
Prva Liga BiH
Overall Posts Rated:
14931493
Со зголемената активност на FB групата сметам дека треба да го напишам ова, со цел подобра комуникација на нашата заедница со светот на BB. Основен начин за комуникација во BB светот е форумот. На форумот постојат неколку т.н. папки кои што служат за комуникација како помеѓу самите корисници, така и за комуникација со официјалните претставници на BB. Постојат:
BB Global (English) (http://buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=...)
Оваа папка служи за глобални дискусии.

Suggestions (http://buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=...)
Оваа папка служи како место за генерирање на нови идеи за подобрување на играта. Имате идеја? Тука е местото каде што треба да ја напишете. Доколку е интересна прилично сум убеден дека одговорните лица во играта сериозно ќе ја земат во предвид.

Bugs, bugs, bugs (http://buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=...)
Оваа папка е место каде што можете да пријавите проблем.

Во последно време има проблем со резервирање на пријателски додека тимот е сеуште во купот. Доколку се пријави на време ќе може да се направи нешто во врска со тоа.

Help - English (http://buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=...)
Оваа папка служи како место за 1000 зошто/1000 затоа, имате нешто нејасно, тука ќе добиете добар одговор или ќе бидете уште повеќе збунети.

Официјален јазик за дискусија на овие папки во форумот е англиски. Доколку имате потешкотии Ви стојам на располагање за превод и слично.

Поздрав,
димац
Линк до бб-пошта (52480)

Last edited by GM-Kyve at 11/23/2018 13:12:55