All Press Releases
Press Announcements

Ривалска недела

На тимот на dragonfly84 му следува интерена недела. Во сабота на излет кај финалистот од минатата година Najdobrite. Понатаму, следува шлагот на тортата, а тоа е два дуела со вечниот ривал KK Teorel. Ривалството започна уште во далечната Сезона 10 (првата сезона на dragonfly84). Тогаш бевме победени во финалето на III.6 дивизијата од mak-tim, управуван под диригентска палка на Gari68. Ривалството продолжи и во II.1. Претходната година Gari68 извојува уште една голема победа во финалните натпревари. Статистиката покажува дека Gari68 води убедливо во дуелите со dimac. Дали ќе продолжи доминацијата на Gari68 и во наредните два натпревари ќе покаже оваа недела.




By: INA-Gari68_83
To: dimac
76356.2 as reply to 76356.1
01/22/2011 06:16:11
И играчите на КК Теорел со нетрпение го очекуваат двобојот со нивните лути ривали на теренот но големи пријатели вон теренот.Поради проблеми со спонзорот клубот беше приморан да се откаже од многу првотимци,но после една сезона повторно се најде некој кој ќе ги спонзорира па сега полека се комплетира составот.Победата во минатосезонското финале нема да не залаже бидејќи противникот веќе имаше обезбедено пласман па играчите очигледно повеќе славеа одколку што мислеаа на двобојот
"Dragonfly84 е фаворит но нема да се предадеме така лесно,но едно е сигурно ќе уживаме во дружењето со нашите пријатели после утакмиците"-е изјавата на ѕвездата што доаѓа Џуровски

Reply to this     

View message in thread.
Advertisement