BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Упатство за тренирање на играчи за У21

Упатство за тренирање на играчи за У21

Set priority
Show messages by
From: dimac
This Post:
11
296142.1
Date: 10/05/2018 02:23:39
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Заедницо убава, пред некое време зборевме да направиме нешто за нашите репрезентации, па еве да почнеме. Се одлучив да го преведам еден пост од Босна и Херцеговина за тренирање млади играчи. Кој е заинтересиран за оригиналот, еве линк до таму (286523.1), а проверете и рејтинзите да видите што момци вадат Босанците. Да почнеме.
Ова претставува прирачник за тренирање на У21 играчи. Кратенките за тренинзите и вештините ќе бидат на англиски (секако ќе бидат детално објаснети тука и споредени со на нашиот јазик), затоа што некој од нас користи BB на Англиски, друг на Македонски, трет на Српски итн итн.

За почеток, превод на позициите и вештините:
PG - Плејмејкер, позиција 1
SG - Бек, позиција 2
SF - Крило, позиција 3
PF - Крилен центар, позиција 4
C - Центар, позиција 5

Вештини/skills
JS - Скок шут
JR - Шут од далечина
OD - Надворешна одбрана
DR - Техника
HA - Продорност
PA - Додавање
IS - Внатрешен шут
ID - Внатрешна одбрана
RB - Скокови
SB - Блокади
ST - Издржливост
FT - Слободни фрлања

TSP (Total skill points) - Вкупно поени од вештини (ВПВ)

Типови на тренинг:
pressure - надворешна одбрана, за потребите на У21 се тренира на позиција PG
Вештини кои се подобруваат: OD, DR, HA, ID

passing - додавање, за потребите на У21 се тренира на позиција PG
Вештини кои се подобруваат: PA, DR, HA

one on one - Еден на еден, идеално за У21 на позиции SF/PF (3 и 4), ако мора, може да се намести и на позиции PG/SG
Вештини кои се подобруваат на позиција SF/PF: DR, HA, JS, IS
Вештини кои се подобруваат на позиција PG/SG: DR, HA, JS

jump shot - Скок шут, идеално за У21 на позиции SG/SF или SF/PF
Вештини кои се подобруваат: JS, JR, DR, HA, IS
ако се тренира на PG/SG играчот не качува IS
ако се тренира на SF/PF играчот на качува DR и HA

jump range - Надворешен шут, на позиција SG
Вештини кои се подобруваат: JR, JS, DR, HA

inside shot - Внатрешен шут на позиција C
Вештини кои се подобруваат: IS, ID, JS

inside defense - Внатрешна одбрана на позиција C
Вештини кои се подобруваат: ID, SB, IS

rebounding - Скокови на позиција PF/C
Вештини кои се подобруваат: RB, IS, ID

Забелешка: shot blocking (Блокади) handling (Продорност) како типови на тренинг не се користат освен во специјални случаи, кои ќе бидат дополнително опишани подолу кога ќе стигнеме до позициите и минималните вештини. Сите типови на тренинг се одбрани за максимизирање на брзината на тренингот, секое отстапување од позицијата на тренинг значи дека го успорувате напредокот на играчот.


Last edited by dimac at 11/14/2018 15:59:33

From: dimac
This Post:
11
296142.2 in reply to 296142.1
Date: 10/05/2018 02:28:16
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Оваа тема го опфаќа потенцијалот на играчите, почетни вештини и тренерот.

За потребите на У21, сосема доволен е тренер ниво 5, а најдобро би било тренер ниво 6, додека пак тренер ниво 7 е непотребно фрлање пари, барем по искуството на комшиите.
Разликата во брзината на тренингот помеѓу ниво 5 и 6 е минимална, можеби 1-2 вештини по сезона, а разлика меѓу тренери ниво 6 и 7 речиси и да нема.

Исто така, потребно е менаџерот да поседува и доктор, ниво 3 или 4.

Во врска со потенцијалот, секој играч со 6+ потенцијал (Allstar потенцијал) е добар материјал за У21 репрезентацијата, особено ако има добар распоред на вештините. За позицијата крило доволен е и потенцијал 5 (Ѕвезда).

Што значи добар распоред на вештини?
Тоа значи дека играчот нема дупки, односно кецови и двојки на некоја вештина. Многу е тешко да се извади добар играч ако да речеме бекот има 1 на внатрешен шут или на внатрешна одбрана, или пак ако центарот има 1 на надворешна одбрана, додавање или на скок шут.
Како менаџери бегаме од играчите со потенцијал 6-7 затоа што сметаме дека имаат многу мал потенцијал и дека не се вредни за тренирање, што е голема грешка. Овие играчи вообичаено имаат подобри почетни вештини од играчите што имаат 9+ потенцијал. Со добар план за тренинг многу поедноставно стигнуваат до У21 репрезентацијата и штом си го одиграат своето, можат да бидат продадени за пристојна сума.
Шемата е следна, завршува играчот со настапи во У21 и иде на трансфер листа, се продава и се купува нов 18 годишен играч за тренирање препорачливо во првата недела после драфтот, кога трансфер листата има повеќе играчи.

Кога зборуваме за 18 год играчи, доволно е да имаат почетно TSP 45-50
Кога зборуваме за 19 год играчи, доволно е да имаат TSP 60+ и доста добар распоред на вештините за да успеат да влезат во У21.

Ако играчот правилно се тренира за очекување е во текот на една сезона да напредне 10-12 вештини. Досегашните искуства покажале дека некои играчи имаат кренато 13, 14, па дури и 16 зелени стрелки во една сезона.
Најголемите и најуспешни заедници вадат играчи со преку 105 вештини на крај на 21 год.
На крај, остануваат минималните барања за вештини на крај од 20 год. Зошто баш тогаш? Затоа што тогаш играчите треба да влезат во репрезентацијата, 21 годишните се ослободуваат од репрезентацијата штом завршат официјалните натпревари и се повикуваат 20 годишните да ги одиграат пријателските натпревари и да стекнат повеќе искуство.

Last edited by dimac at 10/05/2018 02:30:10

From: dimac
This Post:
00
296142.3 in reply to 296142.2
Date: 10/05/2018 02:28:40
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Минимални барања за вештини, идеме по редослед на позиции:

Бекови PG/SG
Во суштина, бек шутер и плејмејкер за У21 се ист тип на играчи, главни вештини им се надворешна одбрана и додавање, скок шут, техника и продорност, а притоа да не се заборават и внатрешните вештини, особено IS и ID

идеална висина до 193 cm, потенцијал 6+

вештини на крај на 20 год
JS 12 JR 7
OD 13 HA 11
DR 11 PA 10
IS 5 ID 5
RB / SB /
ST 3 FT 3
TSP околу 80

Имајте во предвид дека ова се минимални вештини што еден играч мора да ги поседува и дека се очекува овие минимални барања да се надминат.

Шемата за тренинг е следна:
На 18 год се тренира Еден на еден за SF/PF и надворешна одбрана за PG. Многу е важно најпрвин да се тренира Еден на еден, затоа што надворешната одбрана како најспор и најзахтевен тренинг брзо напредува ако DR и HA се повисоки од OD
На 19 год најмногу се тренира Еден на еден и надворешна одбрана, а притоа можете да додадете и тренинг JS за SG/SF.
JR се тренира посебно само ако JR е помало од 5.
На 20 год се тренира додавање за PG, надворешна одбрана за PG ако е OD помала од 13 и се работи на подобрување на внатрешните вештини по потреба.
Исто така, секогаш е добро да се консултирате со селекторот во врска со тренингот, дали има некоја музичка желба и слично.

Крило SF
Овде имаме три типа на играчи, внатрешно, надворешно крило или крило за СЕ. Ќе биде опишан последниот тип на крило, затоа што внатрешно ориентирано крило има повеќе внатрешни вештини, а надворешно ориентирано крило има повеќе надворешни вештини.

Идеална висина е помеѓу 193 и 206 cm, потенцијал 5+

JS 11 JR 6
OD 12 HA 10
DR 10 PA 8
IS 9 ID 9
RB 8 SB /
ST 3 FT 3
TSP околу 85+

Програмата за тренинг на 18 и 19 годишните е слична како кај бековите, со таа разлика што после All star неделата кога играчот има 19 год, ако надворешните вештини се блиску до минималните, може да се префрлите на внатрешен тренинг,IS на C, па штом крене стрелка на IS, се префрлате на ID на C итн.
На 20 год се доработува скокот на позиција PF/C и додавање на позиција PG, како и JS за SG/SF, а останатото по желба на селекторот.

Центри PF/C
Слично како кај бековите, се работи за слични играчи со тенденција на подобар скок за позиција C и подобра надворешна одбрана и скок шут на позицијата крилен центар, останатото е исто.

Идеалната висина е помеѓу 203 и 216 cm, потенцијал 7+

Играчите преку 216 тешко и споро ќе подобруваат надворешна одбрана и додавање, особено ако имаат ниски почетни вештини
Исто така, крилен центар може да се направи од играч со потенцијал 6, ама мора да се биде внимателен со тренингот и повеќе да се тренираат секундарните вештини, затоа што примарните вештини IS, ID, RB го трошат потенцијалот, а штом играчот го достигне максимумот одреден од потенцијалот, повеќе не може да напредува.

JS 8 JR /
OD 5 HA 6
DR 8 PA 5
IS 13 ID 13
RB 12 SB 5
ST 3 FT 3
TSP преку 75

Програмата за тренинг е најлесна за центрите (кој тренирал знае)
На 18 год се тренира Еден на еден за SF/PFи средување на OD и PA со тренирање на надворешна одбрана и додавање за позиција PG
После тоа продолжувате со кружен тренинг внатре, IS за C, па штом крене се префрлате на ID за C, па RB за PF/C и така во круг. Најдобро е да ги држите IS и ID 1-2 вештини повисоко од скокови.

Блокадите се тренираат посебно само ако вештината е помала од 5.

Last edited by dimac at 10/05/2018 02:58:05

From: dimac
This Post:
11
296142.4 in reply to 296142.3
Date: 10/05/2018 02:28:56
The Black Ice
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Отприлика тоа е тоа, редоследот на тренингот е само пример, можете да го комбинирате како вас најдобро ви одговара, најважен е крајниот резултат, односно вештините.

Искуствата наши кажуваат дека центрите полесно се тренираат на надворешни позиции додека се млади и обратно, бековите на внатрешните позиции.

Тренингот е најбрз на 18 год, и се успорува со секоја следна сезона. Имајте во предвид дека нема значителна разлика во напредокот на тренингот од 18 год до 21 год.

Издржливост и слободни фрлања се тренираат не се тренираат посебно, освен во 2 случаи, кога е играчот повреден или кога нема минутажа на тренинг позицијата.

Тренинг издржливост и слободни фрлања добиваат сите играчи, без разлика на бројот на одиграни минути и на позиција на која играат.

Исто така, нивото на тренер не влијае на ефектот од тренирањето на издржливост и слободни фрлања.

Штом играчот е во репрезентација, бидете во координација со селекторот и договорете тренинг план според потребите на репрезентацијата. Исто така следете ги и минутите, идеално помеѓу 48-72 минути неделно.

Постојат два начина како да поставите идеални минути.

Првиот е да играчот изигра на тренинг позицијата 48 минути, а на другиот натпревар да влезе во игра како резерва на било која позиција (ќе одигра 10 до 24 минути во зависност од квалитетот на првата опција на таа позиција и резултатот од натпреварот)
Минутажата за добра форма ќе има ако одигра помеѓу 58 до 72 минути.
Вториот начин е играчот да игра како стартер на двата лигашки натпревари и да има квалитетна резерва. На тој начин ќе одигра 30 до 36 минути, со тоа што ќе доибе 60 до 72 минути неделно, минутажа идеална за форма.
Секој играч е посебен случај и ако немате искуство со тренингот, секогаш можете да побарате помош на форумите, има тука луѓе спремни да помогнат.

Ве молам да не коментирате на оваа тема, да ја чуваме чиста. Доколку имате идеја, предложете ја на темата за У21. Благодарности


Last edited by dimac at 10/05/2018 02:32:25