Јас пред некое време чепкав по регионалните форуми и налетав на овој пост
(315973.16). Од примерот на БиХ можеш да добиеш некоја слика како релативно мал број менаџери (не зборам за големина на ББ нација туку број на менаџери-тренери) можат да изградат сериозни национални состави.
Нивниот рецепт тогаш бил неколку менаџери да отворат втор тим во Утопија ---> 4 менаџери-тренери по генерација (тоа е 4 менаџери x3 играчи, значи до 12 играчи по генерација). Проектот почнува од самиот драфт преку у21 и завршува со неколку трофеи на јуниорско и сениорско ниво, како и високи пласмани во сезоните излегуваат од борба за медали. Секако, секој од тие менаџери обезбедува комплетна тимска тренинг инфраструктура (тренер високо ниво, младински тренер високо ниво, вежбална и игралиште за тренинг). Веројатно договараат однапред кој менаџер кои 3 играчи ќе ги купи заради обезбедување на највисоко можно ниво на компатибилност за заедничко тренирање, а доколку тоа е неостварливо, дел од играчите после 2+ сезони кои мораат да променат тренинг заради оптимизација, одат на трансфер и нивно купување повторно кај домашен тренер што го продолжува нивниот развој. Ако имаш време проследи ја низата на пораки во нивниот форум.
Едит: Веројатно ваква дискусија подобро е во иднина да водиме на темите за националните тимови, да ја оставиме оваа тема за клупски муабети ;)
Last edited by LynxBK at 8/19/2026 2:44:43 AM