Lambeski од овој пост
(221424.370) продолжува да добива тренинг кај новиот сопственик.
Според разменетите пораки менаџерот ќе оди со 1-на-1 за крила/крилни центри до ниво 9 на скок шут, по што веројатно продолжува со тренинг на центарски вештини. Со оглед на нивото на скилови пред продажба, ако менаџерот опстои на тој план, пред транзиција на тренинг на центарски вештини играчот би имал Скок шут 9, Дриблинг 13, Драјвинг 11 и Внатрешен шут 12. Тоа би било за околу 18-20 недели, па ќе видиме дали новиот сопственик има толкаво трпение

Ставете го во букмаркс ако евентуално излезе прематурно на трансфер листа и гледате во тој играч компатибилност во вашите тимови и тренинг планови.
Проекцијата е дека ќе биде напаѓачки центар погоден за повеќе офанзивни тактики, но и со изразена слабост да брани надворешни напади. За да дојде до пристојно ниво на надворешна одбрана ќе му бидат потребни отприлика 20 недели пресинг тренинг за плејмејкери за да добие +5 скила, што е нереално за очекување.