Прес беше секако планиран, малку само се оддолжи заради празниците.
Резултатски катастрофален почеток. Одговорноста секако е кај селекторот и јас ја преземам без разлика дали се можело или не да се има подобар старт. Јас не се залагам за играње стандард и предвидливо но се залагам за играње реално. Трошење на ентузијазам залудно во ситуација кога секако нема да се победи нашата селекција едноставно не може да си дозволи.
Кратка анализа на сезоната досега:
1. Латвија
Значително посилен противник, кој единствено можевме да го победиме со подобра форма + поголемо залагање + погодена тактика. Јас радо би сакал да бевме во можност да нападнеме во овој натпревар и теоретски постоеше можност за ова но за жал формата на нашите играчи целосно ги уништи сите шанси кои ги имавме. 4-те најдобри крила ни беа на форма 5-6 и беа практично неупотребливи, а и бековите беа доста слаби со форма. Латвија од друга страна беше во подобра форма од нас. Во таква ситуација немавме реални шанси за победа, освен ако удревме лудо CT, а дури и така шансите ни беа 50/50. А со CT практично сигурно ќе беше дека ќе ги изгубиме следните 3 натпревари. Заради тоа отидов на една експериментална тактика која заради профилот на играчите кои ги играв на крило сметав дека подобро ќе функционира во брза варијанта отколку во бавна. Додатно за да си ги зголемам минималните шанси пробав и да го погодам фокусот, но очигледно и Латвија пресметала дека немаме никакви шанси против нив па си играа експериментална тактика не стравувајќи од пораз.
2. Шпанија
Формата на крилата минимално се подобри но не доволно. Генерално формата пак ни беше слаба. Повторно против толкав фаворит со послаба форма, не е можно да се победи без многу поголемо залагање (а и тогаш шансите ќе ни беа по моја проценка под 50%). Брзо темпо игравме со цел да се направи обид порамномерно да ја распределат минутажата играчите меѓусебе, но тоа баш и не успеа.
3. Грција
Крилата сеуште не ни се во добра форма, но барем се игриви. Се на се имавме за нијанса појака форма од Грција главно во длабочината на внатрешните играчи. На внатрешните позиции мислам дека имаме и појаки играчи. Послаби бевме на крило (пред се заради формата), на бековските бевме тука некаде. Најголеми ни беа шансите ако нападневме внатре. Мојата проценка беше дека ако се е неутрално (со исто залагање и без погодување) имавме најмалку 80% шанси за победа, а претпоставував дека дури и да ни ја погодат определбата пак ќе имаме над 50% шанси за триумф. Од тие причини не сакав да ја годиме нивната тактика (затоа што внесуваше непотребен ризик) иако точно ги погодив 90% од поставата која ја извадија и нивната тактика.
Она што се случи на натпреварот е за мене тотално несфатливо. Близу 30 сезони играм ББ и почуден натпревар/резултат никогаш не сум видел. Ни ја погодија тактиката но го промашија темпото што едно со друго горе долу го неутрализира ефектот. Практично во неутралната состојба во која според мене најмалку 80% ни беа шансите за триумф ние во еден период губевме и 25 разлика. Тотално несфатливо е за мене што се случи. Едноставно натпреварот ми изгледа како краен екстрем на случајноста што ја има во натпреварите. Просто кажано бевме неверојатен малер. Друго објаснување не можам да најдам. Ако некој има слободно нека повели, добредојдено е.
Дополнително за изборот на играчи ако некој има замерки може слободно да ме контактира и да објасни зошто. Моментално имаме уште 3 места, за кои конкурираат 6 играчи. Отприлика претпоставувам кои би биле тие 3 но оставам простор за случајно преку формата некој не се избори за конкретен натпревар.
И за крај уште една молба до сите газди да ја одржуваат формата, но и да обрнат внимание на издржливоста на своите играчи која колективно не е задоволителна според мене и ни создава проблеми.