Започнуваме со новата сезона, во утешниот турнир.
Минатата сезона ја завршивме со скор 3-4 во квалификациите, што е под желбите и плановите (се надевав на 4-3, евентуално 5-2 ако ни се посреќи), но е во рамки на ранкингот на нашата репрезентација. Вкупниот скор со се пријателски е 6-7. Започнавме како 50ти на ранг листата, а сезоната ја завршивме како 51 (моментално сме 49 по првата пријателска од новата сезона). Се на се, за жал го немавме посакуваниот напредок, но немавме ни назадување.
Во новата сезона влегуваме со амбиции да се пласираме во топ 32 фазата, а потоа да се обидеме да минеме некое коло, доколку е можно. Ждрепката не ни беше многу наклонета на стартот (Данска во гости, па Панама дома), но можело и полошо (ова се сепак екипи со кои можеме да играме). Во секој случај ако сакаме пласман во топ 32 ќе ни треба и малку среќа во вториот дел од ждрепката. Добар резултат во утешниот турнир е невозможен без неколку натпревари против објективно слаби репрезентации (75-98 место на ранг листата). Во секој случај колку повеќе неевропски противници, толку подобро :)
За споредба, во минатите 17 турнири, 8 пати сме се пласирале во топ32 фазата (9 пати не сме успеале), но само во 2 од тие 8 успешни пласмани сме го минале првото коло (и второ коло е максимумот во тие случаи).
Во однос на репрезентацијата, некои од носителите на играта веќе се пред пензија, а нивни замени скоро и да нема (резултат на слабиот тренинг во изминатите 7-8 сезони). Ова е случај и со некои други репрезентации не само со нашата, но за жал може лесно да се случи во идните неколку сезони да биде тешко и да се задржи моменталниот ранкинг а не пак да се напредува.
Оваа сезона во потесниот круг кандидати издвоив 23 играчи. Кои точно 18 ќе заиграат и ќе добијат шанса ќе видиме.
П.С. За крај уште еден апел до сите газди на репрезентативци и потенцијални репрезентативци да не ја запоставуваат издржливоста. Скоро и да немаме играчи кои можат да бидат стартери заради ниска издржливост.