Дојде и крајот на мандатот како селектор. Во изминатите 2 сезони го постигнавме следното:
Вкупен скор 16 победи и 10 порази
Резултат на квалификациите за ЕП 3 победи и 4 порази
Резултат на утешниот турнир топ 32 пласман
NT ранкинг - ја презедов селекцијата како 50та, во моментов е 42 (најдобар ранкинг во последните 10 сезони). Очекувам уште некоја позиција да рипнеме во вторник после пријателската со Египет, без разлика на исходот.
Имаше и добри и лоши моменти во овие 2 сезони, но вкупниот резултат според мене е позитивен. Не очекува доста тежок период во иднина - некои од најјаките играчи ни се пред NT пензија, а помладите кои треба да ги заменат се за едно ниво послаби од нив. Се надевам дека нешто слично се случува и кај останатите репрезентации бидејќи во спротивно ќе имаме доста проблеми.
Заради слабиот интерес за селекторување, во последен момент се пријавив и јас, не би ја оставил репрезентацијата на цедило. Но можам во секој момент да се откажам од трката. Гари апсолутно би го поддржал и јас.