Убава заедницо, да пишам збор два за официјалниот дел од сезоната.
Првите 4 натпревари ги игравме против прејаки репрезентации. Тогаш кога размислував најлогично ми бесе да удриме ЦТ на Русите, затоа што во конкуренција со Турција, Унгарија и Шпанија мислев дека со нив имаме најмногу шанси. Испадна дека згрешив. Отидов на претпоставка дека селектор на Турција нема да биде таков бот и дека ќе го прочитам како буквар со тактиката, додека пак со Унгарците игравме претходната сезона и не добија на наш терен премногу лесно
(56334). После почетниот пораз собирав ентузијазам за последните три натпревари. Ги добивме натпреварите каде што бевме фаворити и изгубивме од појаките репрезентации. Надежно наредната сезона ќе имаме среќа со ждребот, што со оглед на сегашното рангирање е тешко веројатно...
Ги проверив играчите што ги следам и повикав неколку што сакам да ги пробам да видам како ќе се вклопат со останатите.
До наредниот пат...