Да живее заедницата!
Стварно мислиш дека е полесно да се стане шампион во Утопија отколку во ББ Македонија?
Јас ептен се сомневам. Како прво, развојот на тимската инфраструктура кај нас има многу побрз старт со оглед дека се започнува од 2 лига со ТВ договор 120к. Јас за 2 сезони веке сум на скоро 19к седишта на арената, со Мерч продавница ниво 3, помошна сала ниво 3 и тренинг игралиште за слободни фрлања ниво 1 и поднесувам ниво 6 тренер, ниво 6 младински тренер без никаков проблем.
Да почнам тим од 5-та дивизија со 75к ТВ договор, лига кајшто нема опуштено и секој секого може да победи (па си изгубил ТВ или ривалски натпревар па ни 6000 седишта не можеш да продадеш на 11 долари влезница), потоа во купот немаш ботови и секој сака да го добие бонусот од 50к неделно... ми звучи дека за 20к арена има да си почекаш во Утопија бар 5-6 сезони.