Печалбарот и студентката
Распоредот на натпревари ми е таков што последниот лигашки натпревар ќе го играм на гостински терен. Правилата на ББ се такви да тимот исплаќа плата на играчите во неделите во кои има лигашки натпревари. Тоа значи дека во понеделник после последниот лигашки натпревар ќе треба да си исплатам 638к без можност да надоместам затоа што нема лигашки натпревар во вторник. Тоа ќе завршен удар врз менаџерот кој наивно мислеше дека разбира нешто во играва и успешно ќе истера една печалбарска прошетка во Елитата. Мислеше дека сезоната ќе биде како one night stand авантура на млада студентка со многу бела пудра под носот што ја добива гратис од нејзинот шугар деди, а сабајле ќе биде обичен вторник. Е овој вторник нема приход од сала. Повеќе личи на понеделник во работна недела. Црн ББ понеделник. Менаџерот печалбар што се шеташе - ги искина чевлите и остана на опинци среде зима. Студентката - на татенце вчера дома му влегле агенти и заплениле 2кг од пудрата, сосе опремата за лајв-стриминг на која ги снима ОФ содржините.
Сезоната ќе ја завршиме должни -467k на ББ-банката. За влакно во зоната на банкрот.
Печалбарот се враќа дома во минус. Сопругата му бара развод со план да земе 50% од имотот.
Студентката ја загуби стипендијата и пишува квадрат. Татенце го собрал сите пари од видеата за возрасни во која таа имаше главна улога.
Продолжува...