Решение е да ставаме што помалку резерви барем на пријателските мечеви па нека играат среќни фанови ако фали играч или резервните играчи да немаат никаква допирна точка со позицијата што ја тренираме па белки тренерот нема да стави погрешен играч на тренинг местото.
Тоа е далеку од некое решение. „Среќни фанови“ настапуваат кога тимот ќе одбере помалку од три играчи за одреден натпревар -- предавање на натпревар -- и меѓу другото, за таков натпревар не се добиваат тренинг минути. Пример за натпревар со среќни фанови е 
(22878392) кога нашиот селектор на сениорите* одбра 2 играчи и доби 0 тренинг минути за тој натпревар. Тоа треба да се разликува со еден друг натпревар на селекторот 
(22682036) кога одбра 3 играчи и ги доби посакуваните тренинг минути (додуша имаше и голема среќа бидејќи немаше исклучен играч во тој натпревар).
Досегашниот модел на тренирање 1 позиција има голем процент на успешност и јас лично го препорачувам на менаџерите. Понекогаш постојат примери на „краток-спој“ (како кај тебе), но нивниот број е подносливо мал.
*Се надевам селекторот нема да се налути за тоа што негови натпревари се користени во научни цели :)