Со оглед дека се ближи крајот на сезона 18 време е за овосезонскиот извештај за сениорската репрезентација. Како и минатата сезона извештајот го поделив во неколку дела:
- Очекувања
- Анализа на стратегијата
- Играчи
- Погед кон иднината
Ивештајот ќе го поделам во неколку поста.
1. Очекувања
Моите лични очекувања сезонава е конечно да се направи чекор напред со резултатите. Не бев задоволен со ранкингот и резултатите од минатата сезона и се надевав на подобрување оваа. За жал добивме ужасно тежок распоред кој значително ни ја отежна ситуацијата во обидот за пласман во топ 32 во утешниот турнир кој беше основна цела сезонава. На крај завршивме со скор 3-5 и 49 позиција од 86 репрезентации. Распоредот ни даде 2 селекции кои играчки беа послаби од нашата (Алжир и Кипар), 1 која беше на наше ниво (Венецуела) и 5 со посилни состави од нашиот (Литванија, Германија, Србија, Финска и Украина). За колку квалитетни селекции станува збор покажуваат нивните резултати сезонава 3 од нив стигнаа до топ8 на утешниот турнир, а 2 во момоентов се наоѓаат во полуфинале и имаат шанси да станат шампиони. Сезоната ја започнавме рангирани како 65 во ББ, а во моментов во пресрет на завршетокот на сезоната се наоѓаме на 62-та позиција што е подобрување за само 3 позиции (премалку во споредба со желбите).