Vladimir Arnaudovski : Продорност: Силен ↑
Krenim Alizoti : Просечен ↑
Hafiz Zuna : Недоволен ↑
Интересно е тоа што Alizoti буквално секоја недела качува скил на техника или на продорност, што значи побрзо напредува од Zuna кој е 3 години помлад и со 1 потенцијал подобар од него. Причината за ова е т.н. еластичен ефект за кој има зборено bobans, кога некој играч има многу повисоки скилови на одредени вештини (во случајов на Alizoti скок шут, надворешен шут и надворешна одбрана) тогаш тренингот на сродните вештини (техника и продорност) оди многу побрзо ако овие вештини се доста послаби како што беше случај со Alizoti. Ова сознание е многу важно во развојот на идни супер ѕвезди и може да се искористи како успешен рецепт во тренирањето идни репрезентативци. Значи заклучокот би бил, кога ќе земете 18-годишно дете првите 2-3 сезони прво тренирајте го на 2-3 најважни вештини забрзано еднопозициски, а после тоа за многу кратко време играчот брзо ќе напредува на сродните вештини кои се тренираат двопозициски.