BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Прес конференции

Прес конференции

Set priority
Show messages by
This Post:
22
194992.87 in reply to 194992.86
Date: 12/9/2025 5:01:04 PM
Lynx Incubus
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
4343
Noob транзиција кон минимална плата - како да не ја правиш истата грешка
Го знаевме датумот. Со економскиот апдејт на 8 декември истекуваше грејс периодот и клубот ќе биде обврзан да го исплаќа минималниот износ на неделна плата. Од $ 65 135 колку што плаќавме претходно, одиме на $ 638 050. Математиката беше едноставна. Треба да се купат 6 играчи со вкупна плата од $573к. Според тренинг потребите треба да купам 2 стартни бекови и нивни 2 замени, како и 1 стартен центар и негова замена. За стартерите вкупен буџет 360к, а за резервите 210к. Па не може да биде полесно! Дури и обезбедив линкови за потенцијалните кандидати. Се е спремно! Е да, убаво си напишав, оди направи го да те видам. Така, дојде 8 декември, лигата си ги наплати уредно 638к, а јас останав на вкупна тимска плата од дури $165 800. За стартерот платив трансфер од 170к. Тотален колапс!

Царот кажа пред некој месец
Добро почна споменарот, до крај на сезона да биде со прогласена прва победа и апдејт дека си купил змаеви за ефтини пари. :)
Ама и Ахил дополни
Кога ќе почне да плаќа реални плати тогаш нека си купува играчи евтино а со високи плати.

Каде дојде утката. Клучен поим што го повторија и царот и ахил: купи ефтино. Е што е ефтино? Абе оди на трансфер листа пребарај и следи што е ефтино, ебате легачот. Означи си ги играчите по возраст и одма ќе излезе одговорот. Јас мрзлив и лаком. Мрзлив зашто не ја истражив пазарната динамика, а лаком затоа што, пази, си викам абе и така ќе купувам дај да одберам играчи што ќе продолжат во тимот и следната сезона во втора лига. Значи, прво обезбеди играчи за да дојдеме до 230к (колку што е минималната плата во втора лига) па после ќе дополниш со другите до 638к што ги отпушташ/продаваш на крај на сезоната. Ама па тие што сакам да играат во втора лига не сакам да им паѓаат скиловите - значи треба да бидат 31-годишни. Бурн! И токму такавата ситуација целосно ме парализираше. Треба и соодветни скилови и соодветна возраст и соодветна продажна цена. Тоа друже не се прави за 4 дена! И притисокот го направи своето - преплатив за 31 годишен играч со плата од 100к и 538к истекоа од буџетот без никаква накнада.

Како да не ја правиш истата грешка. Едноставно, следи ги овие основни инструкции:
1. купувај во периодот од понеделник до четврток пред првиот економски апдејт за кој ќе плаќаш минимална плата. Зошто баш тогаш? Прво, за да исплаќаш плата баш тогаш кога ќе биде потребно. И второ, бидејќи на купени играчи им паѓа формата, купувајќи во периодот пред петочниот тренинг апдејт ќе ти овозможи да избираш играчи кои се блиску до идеалната минутажа. Ем нов играч, ем му ја коригираш формата во најкраток можен рок. Размисли за специјалисти во стручниот штаб ако се потребни ургетни корекции (психолог е веројатно препорачано во секоја варијанта; доктор масажер е опционално и само ако новите купени играчи имаат одиграно 85-90 минути).
2. барај играчи со 36+ години (не ни размислувај за помлади). Тука ќе најдеш ефтино. Не повеќе од 50к за трансфер. Додека го пишувам постот еден играч од 36 години што ќе ја имаше истата функција како играчот што јас го купив за 170к се продаде за 30к.
3. ниската трансфер цена е со цел истата да ја достигнеш до крајот на сезоната преку продажбата на дресови. Мојот нов играч продава $ 2 191 од дресови во првата недела (очекувам да продава 3,5-4 к во последната недела од сезоната). Слична сума ќе обезбедеше и оној 36 годишен што се продаде за 30к. 6 недели x 3к значи 18к од дресови. Тоа не е така далеку од куповната цена од 30к.

Што правам јас до крај на сезоната? Ќе пробам да изиграм нешто од точките 2 и 3. Точката 1 отиде во неповрат.

П.С. Има 80% можност пак нешто да утнам. Бидете така.

Last edited by LynxBK at 12/9/2025 5:06:06 PM

This Post:
00
194992.88 in reply to 194992.87
Date: 12/10/2025 5:41:57 PM
Hip Hop Macedonia
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
7676
Убаво си се анализирал, али троа касно, али така се учи од грешките. :D
Имаш уште надеж, има конкуренција во прва лига али не значи дека немаш шанси за опстанок. :)) Во ББ чуда се случуваат..

Уште чекаме прва твоја победа во ова второ полувреме од сезоната, ајмо! *fingers crossed*