Најавата од вестите пред почетокот на Сезона 72:
Иако оваа сезона сè уште останува недопрена, планираме некои промени кај платите на играчите и моторот на играта (Game Engine)
- Блокирањето на шутеви ќе се врати како поголем фактор во пресметките на платите, придружено со некои други промени во формулата за плати.
- Еластичниот ефект во тренингот ќе се намали и конечно
- Ќе има некои промени во моторот на играта (Game Engine) за да се прилагодат трендовите во стратегиите на BB. Планираме постепено да ги имплементираме овие промени.
Вестите при старт на новата сезона се' уште не се објавени, но оваа најава од претходната е прилично важничка. Во меѓувреме:
- ако имате дефанзивен центар со Дикембе високи нивоа на одбрана и блокади, и вашиот план беше да го чувате и во наредниот период, запишете ја тековната плата за споредба со новата (да видиме каква ќе биде промената што ја најавуваат)
- ако имате играч кој го тренирате и држите белешки за напредокот, а притоа планот ви бил да продолжите со тренинг и следната сезона, да споделиме информации колку драстично ќе биде почетното намалување на еластичниот ефект
- за Game Engine-от ќе видиме. Ако има некој желба може да формираме двојки за pickup натпревари. Ова откако ќе се ресетира формата на основното ниво. Да истераме 3 натпревари во неделата кога формата не е фактор. ОСВЕН ако измената не ја пуштат заедно со ресетирањето (освен ако новиот код можат да го пуштат без да го спуштат сајтот, не се разбирам во тие работи, нека каже кој знае)