Во плејофот dimac ми опна една врела поазди уши. Победив во двете сезонски средби, но тогаш кога беше најважно, во конференциското финале, се покажа моето менаџерско зеленило. Честитки до dimac и навиваме за нашата плава конференција во финалето: go dimac, go dimac, go!
Околу моето менаџерско зеленило. Имено, продадов еден клучен играч две недели пред крајот на регуларната сезона, откако стана јасно дека ќе го обезбедам првото место (после победата 102-100 против dimac). Така што одлучив да играм „економски“ во последните недели, со вкупна плата на играчите близу минималната лигашка плата (278к). Имав идеја да донесам стартер пред да почне плејофот, но го пропуштив дедлајнот и ги урнисав шансите да се натпреварувам. Во таква ситуација влегов во инвестиција во седишта (комплетирана е Арената) и скаутирав еден македонски играч како замена на Faccini, по што италијанецот се најде на трансфер. Како што бидува, заборавив да се логирам навреме и не го купив македонецот (tbf, изгледа и да бев логиран немаше да го купам бидејќи отиде кај наш менаџер кој го имал драфтувано). Сега останав без замена (за следна сезона јер секако немаше да има право за плејоф настап), a Faccini доби понуди но истата беше безобразно ниска (по мое видување), така што се ставив во ситуација сам да си го купам играчот што го имав ставено на трансфер листа (ЛоЛ). Што открив: Ако не сте знаеле, можете да купите сопствен играч, НО тоа ќе предизвика ресетирање на процентот на добивка од следна продажба. Ќе добиев 96% од трансфер цената кога се продаваше, а сега откако си го продадов на себе, гледам дека бројката отиде на 51%. Така што, ако имате силна намера да продавате играч, поставете минимална трансфер цена и оставете да се продаде (минимална трансфер цена ќе си видите моментално на ТЛ - не секогаш е идеално време за продажба).
Во Елита влегуваат (како што го разбирам прирачникот):
1. teteks tetovo (II.2) 21-1 +997
2. Kucinja (II.2) 20-2 +999
3. Lynx Incubus 20-2 (II.1) +838
4. Rearanged guts (II.4) 20-2 +678
и победникот во финалето на II.1 The Black Ice vs Sv Jovan Krstitel
Со среќа во финалето!