Веќе е јасно дека ББ отпочнува нова ера. Наскоро тимовите ќе бидат мигрирани во новиот универзум. Главната цел на новите сопственици не е единствено да ги задоволат вкусовите на постоечките корисници, туку да направат обид за експанзија на играта. Секако, тоа не значи дека се откажуваат и ги занемаруваат постоечките корисници. Напротив, ако ја следите дискусијата на глобалнот форум ќе видите дека прилично активно и транспарентно одговараат на секое прашање и прават подобрувања на бета-верзијата согласно предложените сугестии. Јасно е дека коментарите од типот „срање е“, „го гасам тимот“ итн не ги гледаат како конструктивни. Кој би?
Новото сопствеништво на ББ обидот за експанзија сака да го постигне преку нов интерфејс, побрз ритам на играта, унапреден „гледач“ на натпреварите итн. Сосема е јасно - таргет маркет им се нови помлади корисници, луѓе што играат или претходно играле 2к, фантази игри и друго. Нормално е да се очекува маркетинг кампања за привлекување на таквите нови корисници и јас искрено мислам дека постои таков неискористен маркет. Да бидеме реални, во 2026 сегашниот интерфејс тој маркет нема капацитет да го исцрпи.
Што е познато?
- Енџинот останува целосно истиот после миграцијата. Ќе го имаме стариот добар ББ-енџин и понатаму. Понатамошниот развој и евентуалните измени ќе си тераат согласно потребите.
- Најголемата новина е воведувањето на побрз ритам на играта. Сезоната ќе биде пократка (10 наместо сегашните 14 недели) и компетитивните натпревари соодветно консолидирани - во една недела наместо сегашните два, ќе има три лигашки натпревари.
- Се воведува „тимска хемија“. Ако купиш играч нему ќе му биде потребно време за да ги изрази скиловите во целост (ќе треба да остане една сезона во тимот за да дојде на 100% хемија).
- Формулите за плата и потенцијал остануваат како што беа во Сезона 72 (се повлекуваат актуелните кои стапија во сила на почетокот на сегашната сезона)
- Кога ќе почне миграцијата, сегашните тимови во целост се селат во новиот универзум, а привремените тимови од бета верзијата се гасат.
- Интерфејсот ќе продолжат да го коригираат/подобруваат
Па легенди, од оваа перспектива, како би одговориле на ова прашање?
Едит: Јас ќе продолжам, да не се чудите од каде гласот
Last edited by LynxBK at 10/1/2026 4:42:53 PM